Танга, бразилска депилација: Најголемите интимни непријатели на жените

Велат дека жените се комплицирани, но вистината е дека работите за жените се покомплицирани.

tanga-brazilska-depilacija-najgolemite-intimni-neprijateli-na-zenite-001.jpg

Ако тргнеме од одржувањето на интимната хигиена, ќе сфатиме дека најпривлечните работи обично се нивни најголеми непријатели.

Танга гаќички

Тангите треба да се носат само за „посебни прилики“. Најчесто се изработени од синтетика, која не ѝ одговара на кожата. Задниот тенок дел е идеален за пренесување на бактерии, па затоа треба да ги носите што поретко.

Влошки или тампони?

И двете се подеднакво ефикасни. Изборот зависи од обилноста на менструацијата. И кај двете опции клучна е редовната промена за да не настанат проблеми.

Влакненцата треба да останат таму доле

Срамните влакненца имаат заштитна улога, а депилацијата ја оштетува кожата и доведува до проблеми како подраснати влакненца. Кожата во пределот на гениталиите е чувствителна, па депилацијата може да предизвика физичко оштетување.

Внимателно читајте што пишува на влажните марамчиња

Марамчињата за интимна хигиена треба да ги користите само ако во близина немате чиста вода.

Рацете подалеку од сапунот

Нередовното и неправилното одржување на интимната хигиена може да биде проблем, но и претераното користење на хемикалии, сапуни и шампони го има истиот ефект. Многу од сапуните ја нарушуваат природната pH вредност, со што се зголемуваат шансите за бактерии и инфекции.

Нередовни прегледи

Гинеколошките прегледи треба да се женска обврска на годишно ниво, што значи барем еднаш во годината треба да закажете термин. Ако имате било каков проблем или непријатност во интимниот дел, треба да ги правите почесто. ПАП тестот исто така треба да се прави еднаш годишно.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg