9 важни симптоми кои укажуваат на хормонски дисбаланс
Растот и развојот на човечкото тело најмногу зависи од работата на хормоните.
Овие мали молекули се одговорни за нашето расположение, емоции, однесување, па дури и изглед.
А, кога нешто не е во ред со нив, телото веднаш покажува, а вие треба да знаете да го „прочитате“ тоа.
Ако имате некои од овие симптоми кои укажуваат на хормонски дисбаланс, посетете доктор:
Акни
Појавувањето на акни може да биде како последица од неправилна нега на кожата, небалансирана исхрана или менструален циклус. Но, ако акните постојано се појавуваат во долниот дел на лицето, веројатно се работи за хормонско нарушување.
Качување килажа
Многу луѓе се борат со нивната тежина цел живот, иако не јадат многу и редовно спортуваат, а други пак се слаби без никаков напор. Проблемите поврзани со хормоните се можна причина за оваа неправда.
Замор
Хроничниот замор може да биде знак дека хормоните не се во баланс. Дури и оние кои спијат 8 часа, постојано изгледаат уморно.
Високо ниво на прогестерон може да биде причина за ова. Едноставна проверка на крвта може да помогне да се измери концентрацијата на прогестерон во неа.
Потење
Прекумерното потење не е секогаш како последица на хормонални нарушувања. Но, ако често се случува, добро е да го проверите нивото на хормоните.
Темни кругови под очите
Ниту една пудра и коректор не може да ги покрие подочниците ако спиете по 3 часа на ден. А, кога хормоните не ви се во нормален баланс, честото спиење е само луксуз.
Хроничната инсомнија може да биде резултат на недостаток на тестостерон кај мажите и прогестерон кај жените.
Депресија
Депресијата може да биде уште еден симптом на хормоналниот дисбаланс. Уморот и депресијата кај жените може да се појават пред менструалниот циклус, за време на бременост или менопауза.
Во случај на почести нервозни испадни, разговарајте со ендокринолог.
Промена на градите
Ниско ниво на естроген може да го направи ткивото на градите помалку густо. Високото ниво пак, може да создаде грутки и цисти.
Ако забележите вакви промени во вашите гради, посетете доктор.
Паѓање на косата
Претераното опаѓање на косата е еден од најчестите симптоми на хормонален дисбаланс. Дури и најдобрите шампони не може да помогнат да се намали количината коса останата на четките.
Единствено што ви останува е да посетите доктор и да го проверите нивото на хормони.
Непосакувани влакна
Додека некои жени се обидуваат да го спречат паѓањето на косата, други наоѓаат начини да се ослободат од вишокот влакна.
Темни влакна на градите, лицето, рацете или места каде што не се вообичаени за жените, може да укажуваат на сериозни хормонски проблеми.
Како да го поправите хормонскиот дисбаланс?
Овааа состојба е многу деликатна и лесно може да се влоши. Дисбалансот може да се појави природно поради промени во телото или средината. Исто така може да покаже дека има сериозни проблеми други органи.
За овој проблем може да ви помогнат само ендокринолозите кои специјализирале во оваа област, па затоа не се обидувајте сами да ги решавате проблемите.
М. М. | Црнобело