Избегнувајте ги: 7 намирници кои го уништуваат здравјето на забите

Сите знаеме дека благото предизвикува кариес, а црвеното вино остава дамки на забите.

izbegnuvajte-gi-7-namirnici-koi-go-unishtuvaat-zdravjeto-na-zabite-01.jpg

Но, постојат навидум безопасни намирници за кои можеби не сте знаеле дека го уништуваат здравјето на забите.

Ако сакате бели и здрави заби, еве што треба да избегнувате:

Коцки мраз

Ако ги кршите коцките мраз во устата, правите голема штета на забите. Кога-тогаш, забите ќе напукнат од цврстината и студеноста на мразот.  

Освен на многу ладно, забите не треба ни да ги изложувате на многу топло, како на пример врел чај или храна директно извадена од рерна.

Сончогледови семки

Семките од сончогледот имаат тврда лушпа која предизвикува напукнување на забите, исто како со коцките мраз. Ако сте љубители на овие грицки, подобро е да ги замените со семки без лушпа.

Вода со вкус

Водата со разни вкусови стана многу популарна во последно време. Но, иако нема шеќери, таа содржи киселини кои се штетни за забите бидејќи ја зголемуваат киселоста и ја намалуваат нивната отпорност.

Спортски пијалаци

Исто како и водата во вкус, и спортските пијалаци ја менуваат pH вредноста на плунката, што може да доведе до кариес и разни иритации на непцата. Овие пијалаци содржат и шеќери, па затоа е најдобро да пиете обична вода.

Суво овошје

Поради својата лепливост, сувото овошје се задржува на забите и расте активноста на бактериите кои шеќерот ги разградува. На тој начин може да дојде до појава на кариес.

Чипс

Освен што не е здрав поради тоа што не содржи доволно хранливи вредности, чипсот влијае штетно и на забите.

Ензимите во плунката ја разградуваат храната богата со скроб со разградување на јаглехидратите во усната празнина. Ако често јадете чипс, мијте ги забите после јадење.

Алкохол

Алкохолот ја суши устата и предизвикува појава на кариес. Функцијата на плунката се намалува, па тоа ја зголемува чувствителноста на забите и слузницата на усната празнина.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg