Знаци кои предупредуваат дека ви недостасува магнезиум
Магнезиумот е важен минерал за целокупното здравје. За да го имаме во здрави количини, неопходно е да се храниме поздраво.
Треба почесто да консумираме зелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови и семки, цели жиратки, авокада, банани, суви смокви...
Ова се некои од симптомите кои укажуваат дека не внесувате доволно магнезиум:
1. Недостаток на енергија и константен замор се првите знаци преку кои ќе забележите дека ви недостасува магнезиум.
2. Честите главоболки исто така настануваат од недостаток на овој минерал.
3. Чести грчеви во нозете. Магнезиумот е клучен за работата на мускулите.
4. Несоница и отежнато спиење.
5. Неправилни отчукувања на срцето. Многу кардиоваскуларни неправилности се предизвикани од недостатокот на магнезиумот, затоа задолжително посетете лекар додека е време.
6. Запекот е уште еден од симптомите.
7. Високиот крвен притисок исто така.
8. Кршливоста на коските покрај тоа што е поврзана со недостатокот на калциум, укажува и на мала количина магнезиум во организмот.
9. Наглите промени на расположение, честата нервоза и анксиозност може исто така да значат дека треба да внесувате повеќе храна богата со магнезиум.
М. Д. | Црнобело