Зошто пливањето е најдобрата вежба за телото?

Во летниот период, пливањето е актуелна телесна вежба која се препорачува за секого. Претставува една од најдобрите активности за телото и целиот организам.

zoshto-plivanjeto-e-najdobrata-vezhba-za-teloto-01.jpg

Додека пливаме, го активираме секој мускул од телото, а можат да го практикуваат луѓе од сите возрасти.

Какви сè предности има пливањето?

Го зајакнува телото и кардиоваскуларниот систем

Во пливањето нема никаков притисок на зглобовите, а вежбите во вода даваат умерен отпор, што го зајакнува телото, ја подобрува рамнотежата и помага за подобар сон.

Помага за слабеење

За еден час пливање може да се согорат до 500 калории. Додека пливаме, го активираме секој мускул без да се напрега телото, па така повредите при оваа активност се скоро невозможни.

Ги ублажува симптомите на астма

Водата има поголема густина од воздухот, па затоа додека пливаме белите дробови мора да работат поинтензивно за да внесеме повеќе кислород. На тој начин се ублажуваат симптомите кај оние што боледуваат од астма.

Претставува одличен аеробик

Никогаш не е прерано ниту предоцна да се почне со пливање. Оваа едноставна вежба делува благопријатно на целото тело, и кај бебињата кои сè уште се развиваат, и кај постарите лица кои имаат проблеми со зглобовите и коските.

zoshto-plivanjeto-e-najdobrata-vezhba-za-teloto-03.jpg

Добро е и за трудници

Пливањето е една од вежбите што се препорачуваат за време на бременоста, во консултација со лекар. Добро е и за мајката, и за детето, а ако пливате свртени со лицето надолу, обезбедувате оптимален проток на крв во матката.

Делува смирувачки

Водата е симбол на спокој и обновување, па докажано е дека пливањето го намалува стресот и го смирува организмот. Научниците го изедначуваат пливањето со медитација, така што слободно поминувајте повеќе време во вода ако имате стресен период.

Нè поврзува со природата

Сите сме жртви на модерната технологија. Не можеме да се одделиме од телефоните и компјутерите и тоа се случува секојдневно. Кога сме во езеро, море или река, мозокот се опушта и сме поблиску до природата, што дополнително помага на физичкото и менталното здравје.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg