8 работи што ви го уништуваат добриот сон

Константниот недостаток на сон прави да се чувствувате изморено веднаш по будењето.

8-raboti-shto-vi-go-unishtuvaat-dobriot-son-01.jpg

Тоа е така бидејќи спиењето е една од најважните работи ако сакате да го зачувате вашето здравје и телото да ви биде одморено, а секако и да имате повеќе енергија.

Постојат некои ситнии за кои не сте ни свесни дека го уништуваат вашиот сон, а тоа подоцна предизвикува и други последици.

Ова се дел од нив кои треба да ги имате во предвид ако имате проблеми со спиењето:

Неправилна температура

Иако е попријатно да заспиете кога ви е умерено топло (посебно во зима), оптималната температура за спиење е од 15-23°С.

Решение: Покривајте се со тенка прекривка која држи поладно.

8-raboti-shto-vi-go-unishtuvaat-dobriot-son-02.jpg

Физичка активност

Вежбањето ја зголемува активноста на нервниот систем, па затоа е потешко да заспиете веднаш по часот во теретана.

Решение: Не вежбајте најмалку 3 часа пред да си елгнете.

8-raboti-shto-vi-go-unishtuvaat-dobriot-son-03.jpg

Немате редовен режим на спиење

За да се одмори и да добие сила, на телото му се потребни одреден број на часови за спиење. Затоа, надокнадувањето за викенд и спиењето до подоцна нема да има никаков ефект.

Репение: Легнувајте си секој ден во исто време, најдобро помеѓу 22.00 и 01.00.

8-raboti-shto-vi-go-unishtuvaat-dobriot-son-04.jpg

Светлина

Дури и најмалата светлина без разлика колку е слаба може да му попречи на добриот сон. Колку што е потемна собата, толку поквалитетен сон ќе имате.

Решение: Изгасете ги сите светла и апарати кои имаат светлина или користете маска за спиење.

8-raboti-shto-vi-go-unishtuvaat-dobriot-son-05.jpg

Врева

Секоја врева, како што е звукот на автомобилите кои поминуваат или гласните разговори на соседите зад ѕидот, му пречи на телото да добие добар сон.

Решение: Користете тампони за уши или пуштете некои звуци кои симулираат бранови или нешто друго што помага за полесно заспивање.

8-raboti-shto-vi-go-unishtuvaat-dobriot-son-vreva.jpg

Неправилно користење на креветот

Многу луѓе креветот не го гледаат само како место за преспивање, туку и како простор каде може да седат на лап топ и да работат или да гледаат филмови. Но, тоа го попречува правилниот одмор кој ви е потребен.

Решение: Оставете ги работата и другите активности надвор од спалната соба.

8-raboti-shto-vi-go-unishtuvaat-dobriot-son-07.jpg

Кофеин

Како што знаете кофеинот може да ја спречи потребата за спиење, но не заборавајте дека тој не се содржи само во кафето, туку и во чајот, чоколадата и некои други производи.

Решение: Намалете го консумирањето на храна која содржи кофеин неколку часа пред да си легнете.

8-raboti-shto-vi-go-unishtuvaat-dobriot-son-08.jpg

Алкохол

Иако понекогаш алкохолот ве тера на спиење, сепак може негативно да влијае на времетраењето на сонот.

Решение: Пијте алкохол до 2 часа пред да си легнете да спиете.

8-raboti-shto-vi-go-unishtuvaat-dobriot-son-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg