Не заборавајте на грижата за себе: 18 совети како да се чувствувате подобро
Добро знаеме дека во стресниот и динамичен тек на животот неопходна е грижата за себе.
Но, ајде подразмислете дали денес пиевте доволно вода, одвоивте време за медитација, станавте од пред компјутерот и прошетавте, спиевте 8 часа?
Ние ви даваме низа на совети кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.
Без разлика дали имате две минути или два часа на располагање, овие навики ќе направат да бидете посреќни и порелаксирани:
1. Не правете ништо барем 2 минути. Пример, само слушајте ги брановите на дива плажа или пак пронајдете тивко место и затворете ги очите.
2. Ставете си убава позадина на компјутерот.
3. Прошетајте барем 5 минути во природа. Дрвјата и тревата во локалниот парк драстично ќе го намалат вашето ниво на стрес.
4. Постојано косумирајте вода. Можете дури да инсталирате апликација на телефонот што ќе ве потсетува. Симнете ја iDrated, Waterlogged или Eight Glasses a Day.
5. Внимавајте да не заборавате на оброците.
6. Предизвикајте се себеси да го приготвите ручекот претходната вечер, за кога ќе дојдете од работа веднаш да јадете.
7. Создадете си добри навики кога станува збор за спиењето.
8. Слушајте релаксирачки звуци како паѓањето на дождот или пак музика што ве опушта.
9. Резервирајте си „не ме вознемирувај“ период во денот и фокусирајте се на себе.
10. Гледајте фотографии и видеа од слатки животни на интернет и подобрете си го расположението. Ќе бидете посреќни, попродуктивни и пофокусирани потоа.
11. Вдомете куче или маче. Ќе направите добро дело и новиот миленик ќе ви помогне во намалување на анксиозноста, крвниот притисок, стресот и осаменоста.
12. Пронајдете мотивирачки видеа со инструкции како да го подобрите вашето здравје.
13. Пишувајте дневник. Докажано е дека има одлично влијае на психичката состојба.
14. Посетете доктор и проверете ја крвта. Холестеролот или шеќерот е добро да се дијагностицираат навреме, а и нема да се грижите непотребно околу вашето здравје.
15. По напорниот работен ден задолжително медитирајте. Ако не сте го правеле тоа досега, апликациите како Headspace и Calm ќе ви помогнат.
16. Ако ве напаѓаат лоши мисли, симнете си некоја игра на телефонот и одвлечете си ги мислите со играње.
17. Волонтирајте некаде. Истражувањата покажуваат дека помагањето на другите го подобрува физичкото и менталното здравје.
18. Направете си листа со навики. Кога ќе развиете свој систем на рутини, полесно ќе ги остварите своите цели.
С. С. | Црнобело