Зошто не треба повеќепати да ги користите пластичните шишиња?
Најчесто користеното нешто за собирање на течности е пластичното шише. Најлесно е да купиме еднаш пластично шише со вода и потоа неколку дена одново да полниме вода од чешма во него.
Евтино и практично решение. Но, многумина сѐ уште не знаат дека полнењето вода во пластично шише одново и одново, може да му наштети на телото.
Во продолжение прочитајте неколку работи за тоа и запомнете ги.
Кои шишиња испуштаат отровни материи?
Пластичните шишиња може да испуштаат отровни материи. Затоа, секогаш гледајте го знакот на дното на шишето – триаголник со бројка, кој покажува од каков тип на пластика е изработено шишето.
Шише означено со „1“ (PET или PETE) е безбедно, но само за една употреба. Заради присуството на кислород, за време на загревање или изложување на сонце, таквото шише може да предизвика токсични супстанци кои паѓаат во водата која се полни во него.
Избегнувајте ги шишињата со ознака „3“ и „7“ (PVC и PC), бидејќи испуштаат токсични материи кои влегуваат во водата, а подолгото нивно консумирање предизвикува опасни болести во телото.
За повеќекратна употреба, бирајте шишиња од полиетилен (означени со броевите „2“ и „4“) и шише со полипропилен (означено со број „5“ и „РР“). Тие се релативно безбедни ако ги чувате во ладна вода и ги дезинфицирате правилно.
Пластични шишиња = поволна средина за бактерии
Според научниците, пластичните шишиња кои ги употребуваме повеќе од еднаш имаат речиси ист број на бактерии како капакот на тоалетна школка. Нивото на бактерии во таквите шишиња често ги преминува стандардите за безбедност.
Условите за создавање и развивање на бактерии ги правиме самите ние, кога го допираме шишето со нечисти раце и не го миеме како што треба, а го чуваме на собна температра со вода во него.
Што треба да направите?
Редовно мијте го шишето со топла вода, сапуница и оцет.
Обрнете внимание на грлото од шишето
Дури и со миење на шишето, сепак може да се случи да добиеме некое труење или друг здравствен проблем.
Најголем број на бактерии има во грлото на шишето, каде не секогаш е возможно да се отстранат правилно нечистотиите. Затоа, за да се заштитите користете сламка, наместо директно да пиете од него.
М. М. | Црнобело