Ласерска корекција на диоптрија - дали да ја направам?
„Преку глава ми е да носам очила за вид! Сакам летово на плажа да уживам само со очила за сонце. А леќите? Ех, голема обврска ми се, ги губам, а згора на се’ многу пари трошам на нив. Сакам да ја направам ласерската корекција на диоптрија, ама страв ми е”. Ова е размислувањето на многу млади луѓе кои имат дилеми за оваа интервенција.
Затоа, во продложение, ќе расчистиме некои од нив:
МИТ: Ласерската корекција на диоптрија ја прави компјутер, не е битен лекарот.
ВИСТИНА: Докторот одлучува дали пациентот ќе се оперира врз основа на многубројните испитувања. При изборот на болница каде би ја извршиле ласерската корекција на видот, треба да се мисли на следните параметри.
- Индивидуален пристап, детален преглед на тесна и широка зеница кој го прави лекар.
- Технологијата со која располага болницата – Во „Систина Офталмологија “ имаме најсовремен ласер во земјата и регионот , а секако тука е и нашиот медицински тим кој има знаење за работа со него.
- Оператер со искуство – проф. Габриќ кој оперира кај нас има направено 50 000 операции до сега.
- Тим кој ќе ве следи постоперативно од првата контрола утредента, па до сите следни контроли, кој ќе биде запознаен со вашиот случај и ќе ви биде достапен.
MИТ : По ласерската корекција на диоптрија, диоптријата најчесто се враќа.
ВИСТИНА: За успешна ласерска корекција на диоптрија најбитен е предоперативниот преглед кој опфаќа преглед на тесна и широка зеница ( Обавезно!) . Диоптријата не се враќа. Во изборот на пациенти треба да се внимава да има стабилна диоптрија најмалку една година и да е на возраст над 18 години.
МИТ: По ласерската корекција на диоптрија повеќе никогаш нема да ви требаат очила.
ВИСТИНА: Ласерската корекција на видот ја отстранува комплетно диоптријата и вашето око по интервенцијата гледа како никогаш да не сте носеле очила. Со стареењето, се намалува способноста на окото за акомодација и кај сите луѓе се појавува потреба од носење очила за близу. По 45 – 50 година од животот и кај пациентите кои направиле ласерска корекција на диоптрија, ќе се појави истата потреба како кај нормалната популација. Оваа методата не го забрзува нити успорува тој процес.
МИТ: Ласерската корекција на диоптрија боли.
ВИСТИНА: Пред ласерската корекција на диоптрија се става анестетик во вид на капки. Во текот на зафатот не чувствувате никаква болка. По операцијта е можно ( околу 50% од пациентите) да чувствувате пецкање и сувост на очите неколку часа. Утредента веќе немате чувство дека сте правеле операција.
МИТ: Ласерската корекција на диоптрија е многу ризична, од неа може да се ослепе.
ВИСТИНА: Никој не ослепел од ласерската корекција на диоптрија. Оперативниот зафат е брз, безболен, сигурен, ефикасен и траен начин за отстранување на рефрактивните аномалии. Интервенцијата се изведува со ласер кој има “eye tracker” систем кој ги регистрира и следи и најмалите движења на окото, така што ласерот не може да избруси некоја друга диоптрија или друга површина од окото освен онаа која е зададена.
Оваа интервенција ви дава можност повеќе да немате проблеми со видот, да не се нервирате бидејќи леќата ви се изгубила или наутро не можете да ги најдете очилата за вид. Таа ви овозможува да си го поедноставите животот и да гледате кристално јасно без помагала. Медицинскиот тим на „Систина Офталмологија” ви е секогаш достапен за вашите прашања и благодарение на стручноста и искуството на докторите вие сте во сигурни раце, така што веднаш ќе заборавите на стравот.
Д-р Билјана Костовска, Шеф на Одделот за рефрактивна хирургија
Преземено од веб сајтот на Систина Офталмологија