Јадете лубеница, седете во темно: Како да излечите главоболка без апчиња?
Имате ужасна главоболка и го чувствувате срцето како ви бие во вените на челото. Едвај можете да ги отворите очите а болката едноставно нема никава смисла. Иако лесно можете да се решите од неа со неколку апчиња за болка, постојат неколку начини со кои можете да си помогнете а не сте знаеле.
Пред да се фрлите на апчиња за болка еве неколку начини како да ја намалите напнатоста во главата:
1. Намалете го светлото
Колку е посветла собата, толку е поголема тензијата на главоболката. Затворете ги завесите, исклучете ги сите светла или пак ставете си маска за спиење на очите. Направете сè само да го блокирате светлото да стигне до вашите очи. Колку е потемна собата, толку подобро ќе се чувствувате.
2. Пробајте со вежби за длабоко дишење
Постои причина зошто медитацијата е толку популарна. Сè се врти околу длабокото дишење. Дишењето ја зголемува циркулацијата на крвта, а кога циркулацијата е зголемена тогаш се чувствувате посмирени и вашето тело го добива кислородот кој му е потребен.
3. Истуширајте се
Туширањето не само што ќе ви направи да се чувствувате прекрасно, туку има и лековити дејства. Влажната топлина од пареата го топли вашето тело и ја намалува напнатоста во мускулите.
4. Ставете топли облоги
Ставете топли облоги на вашиот врат, слепоочниците или директно на челото. Сè што е поврзано со топло функционира затоа што ја зголемува циркулацијата на крвта, го намалува воспалението, ги проширува вените и ја намалува напнатоста во мускулите.
5. Одете на масажа
Или едноставно побарајте од вашиот парнтер да ве измасира. Масажата ја подобрува циркулацијата и ја намалува напнатоста во мускулите. Им дозволува на мускулите да примаат повеќе кислород од вообичаено.
6. Маслото од лаванда навистина прави чуда
Можете да го помирисате или директно да го ставите врз местото каде што чувствувате болка. Лавандата го регулира нивото на серотонин, го намалува стресот и ќе ви помогне подобро да спиете.
7. Јадете лубеница
Често причината за главоболка е дехидратација, затоа треба да јадете храна која изобилува со течности. Лубеницата е 92% вода, а не само тоа туку исто така е полна и со магнезиум што ќе им помогне на мускулите да се релаксираат.
А. В. | Црнобело