Вежбање во бременоста: Заблуди во кои не треба да верувате

Голем број жени се плашат за здравјето на бебето ако прават вежби кои не се соодветни за време на бременоста.

vezhbanje-vo-bremenosta-zabludi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-01.jpg

Секако дека има вежби што треба да се избегнуваат, но тоа не треба да ве спречи да се грижите за физичката кондиција додека носите бебе.

Во продолжение прочитајте некои од најчестите заблуди кога станува збор за физичката активност за време на бременоста и како да останете здрави и во форма за време на овој важен период од животот.

Не треба да се избегнуваат вежби во кои се лежи на грб

Во првото тримесечје треба да се избегнуваат интензивни вежби и вежби кои вклучуваат положби додека лежите на грб бидејќи може да дојде до проблеми со крвотокот и притисокот.

Опасно е да се вежба ако не сте вежбале порано во животот

Ако претходно сте се занимавале со физичка активност и ако бременоста ви поминува во најдобар ред, нема опасност од вежбање. Сепак, не постојат големи ризици и доколку не сте биле премногу физички активни претходно, секако, во склад со вашите телесни можности и препорака од лекар.

Не е опасно да се креваат тегови во бременоста

Во бременоста треба што е можно повеќе да се избегнува кревање на тежок товар, или спортови како скијање, јавање, лизгање, но кревање лесни тегови не е опасно за трудницата и за бебето. Сé зависи од конституцијата и можностите на телото.

 vezhbanje-vo-bremenosta-zabludi-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-02.jpg

Пулсот за време на вежбањето не смее да биде повисок од 140 отчукувања во минута

Оптоварувањето на срцето во бременоста треба да се движи помеѓу 117 и 146 отчукувања во минута. Сепак, бременоста не е време кога треба да си поставувате лични рекорди кога е вежбањето во прашање.

Совети плус:

Не се споредувајте со пријателките и не се ослонувајте на она што другите имаат да ви го кажат.

Не ги следете слепо правилата што ќе ги прочитате.  Слушајте го своето тело.

Не преземајте ништо на своја рака и за сите недоумици посоветувајте се со вашиот лекар.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg