Во кои ситуации испакнатината на дланката може да биде опасна?
Добро погледнете си ги дланките одозгора – имате ли мала испакнатина кога прстите ќе ги повлечете надолу?
Честопати луѓето ја игнорираат оваа појава, мислејќи дека се работи за мртва коска, без да размислат точно кога им се појавила и зошто.
Медицинскиот назив за ова е хигрома на зглобот.
Каде може да се појави?
Најчесто на дланките, и тоа на две места – околу палецот или на средината над прстите.
Зошто се појавува?
Причините не секогаш се лесни за утврдување, но мора да ги знаете сите опции:
- Слабост на коските и склоност на остеопороза,
- Неодамнешна повреда или неправилно заразнување,
- Воспаленија на ткивата на зглобовите,
- Чести и долги повторувачки движења со рацете (како на пример кај музичарите или оние кои работат на компјутер).
Симтоми кои не смее да ги игнорирате:
- Потешкотии да ги придвижите прстите или зглобовите,
- Кожата околу израстокот станува црвена или се лупи,
- Зголемена или намалена чувствителност на кожата околу израстокот,
- Притисок на нервите околу него.
Дијагноза:
Дури и ако сметате дека го имате со години и нема потреба од преглед, направете го. Оваа навидум незначајна мртва коска може да се развие во малиген тумор.
Задолжително консултирајте се со лекар доколку забележите некој од симптомите.
М. Д. | Црнобело