Кокосовото масло сепак не е толку здраво како што мислиме?
„Американската асоцијација за срце“ издаде нов извештај во кој ги советува луѓето да не консумираат кокосово масло.
Советот за диететски масти и кардиоваскуларни болести спроведе седум испитувања во кои го споредијакокосовото масло со монозаситените и полизаситените масла.
Извештајот објавен на 15 јуни, 2017 година покажа дека кокосовото масло го зголемува нивото на лош холестерол во сите седум испитувања, а во шест од нив зголемувањето на лошиот холестерол било особено високо.
Еден од заклучоците којшто го објаснува ова е фактот дека нема никаква разлика помеѓу кокосовото масло и маслата со заситени маснотии, како путерот и свинската маст. Всушност, кокосовото масло има толку многу високо заситени масти (82% од мастите во него се заситени) што е потешко и од свинската маст (39%) и од путерот (63%).
Централата за контрола на болести известува дека скоро 32% од Американците имаат зголемен лош холестерол, а ним не им се препорачува консумација на повеќе од 6% заситени масти во дневниот внес на калории.
Се разбира, по овие наоди, најновите предупредувања со цел да се спречи високиот холестерол, упатуваат да не се консумира кокосово масло.
„Бидејќи кокосовото масло го зголемува лошиот холестерол, предизвикува кардиоваскуларни болести и нема познати полезни ефекти во исхраната, препорачуваме истото да не се користи“, изјави Американската Срцева Асоцијација за Советот за Диететски Масти и Кардиоваскуларни болест.
„Можете да го нанесувате НА вашето тело, но немојте да го внесувате ВО вашето тело.“
Кокосовото масло до неодамна беше сметано како здрава алтернатива, па така овие последни наоди драстично ќе ја сменат перцепцијата за неговото користење. Истражувањето споменува дека 72% од Американците сметаат дека кокосовото масло е здраво, а во истата анкета само 37% од нутриционистите веруваат дека кокосовото масло е навистина здраво и полезно за јадење.
(О)Милена | Црнобело