14 производи за прочистување на организмот кои веќе ги имате дома
Црниот дроб е тука да го прочистува нашиот организам од токсини, но од време навреме, добро е и самите да се погрижиме да направиме некаков тип на детоксикација.
За таа цел, дома веќе имате производи кои мажат да ви помогнат да прочистите одредени делови од телото.
Пример:
За прочистување на тироидната жлезда
Целерот ја стимулира тироидната жлезда, ја прочистува крвта и спречува складирање на уреа во зглобовите. Затоа, добро е да пиете зелено смути кое ќе содржи и целер.
За прочистување на системот за варење
Кромидот помага храната подобро да се вари и да се апсорбираат корисните состојки, а лененото семе се врзува со токсините и истите побрзо се чистат од организмот.
За прочистување на панкреасот
Бразилските ореви се богати со селен кој помага да се чисти насобраната жива во организмот.
За прочистување на црниот дроб
Бетаинот кој го има во цвеклото го чисти црниот дроб од токсини, џинџерот го забрзува метаболизмот, а грејпфрутот го активира овој орган и плус содржи Ц витамин кој е добра поддршка на имунитетот.
За прочистување на жолчното кесе
Маслиновото масло помага да се отстранат можните насобрани каменчиња во жолчното кесе и ги намалува нивоата на штетен холестерол во крвта.
За прочистување на цревата
Зелката ги собира со себе токсините и тешките метали кои се собираат во цревата и ги отстранува од организмот.
За прочистување на бубрезите
Морската сол ги чисти киселините преку уринирање, брусницата е антибиотик кој помага да се отстранат бактериите, а магдоносот превенира појава на камења во бубрезите.
За прочистување на дебелото црево
Бромелаинот кој се наоѓа во ананасот помага да се чистат насобраните токсини во дебелото црево.
За прочистување на целото тело
Јаболката се одлична помош на целиот организам за прочистување.
Н. Г. | Црнобело