Што да правите ако коска од риба ви залетне во грло?

Сезоната на свежа риба и морски плодови официјално почнува со почетокот на летото.

sto-da-pravite-ako-koska-od-riba-vi-zaletne-vo-grlo-02.jpg

Но, колку и да е здрава и вкусна, рибата знае да биде ризична, доколку не е добро исчистена.

Ако ви се случи некое мало ковче да ви залетне во грло, важно е да знаете сами да си помогнете.

Што не смее да правите:

Не се обидувајте да го притиснете стомакот како при стандардно гушење, тоа може да биде потрауматично.

Не се обидувајте да ја поттурнете коската со парче леб како што сите ви велат, тоа може само да ги скрши на повеќе парченца, па работата да се искомплицира.

sto-da-pravite-ako-koska-od-riba-vi-zaletne-vo-grlo-01.jpg

Контактирајте лекар доколку:

Се работи за дете.

Коската не поминува неколку часа.

Болката трае и е проследена со исплукување на крв.

Не сте сигурни дали коската е исчистена од грлото.

Што да правите:

Реагирајте смирено без паника, коските се мали и не можат да ви пречат во дишењето.

Благо искашлајте. Ако почувствувате болка, престанете.

Пијте вода. Многу вода.

Проголтајте нешто лесно како банана, маршмелоу, варен ориз, пире од компир. Важно е храната да биде влажна и лесно да се лизга низ грлото.

Испијте топло масло за коската да се лизне.

Штом ја отстраните коската:

Добро би било да посетите лекар за да ги избришете грижите.

За да се ослободите од напнатоста, истуширајте се со топла вода.

Каснете нешто меко и освежувачко.

Направете гаргара со антисептик заради раздразнетото грло.

sto-da-pravite-ako-koska-od-riba-vi-zaletne-vo-grlo-03_copy.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg