Кои социјални мрежи се најлоши за здравјето?
И да сакаме, без социјалните мрежи веќе не можеме. Тие се клучни за нашата комуникација и поврзување со пријателите, на нив минуваме огромен дел од слободното време, но се и алатка со која најлесно може да ја промовираме работата со која се занимаваме.
Социјалните мрежи потполно го запоседнаа нашето секојдневие, а од нив се особено зависни тинејџерите, кои животот без Facebook, Instagram, Snapchat YouTube не го ни познаваат воопшто.
„Royal Society for Public Health“ спроведе истражување на примерок од 1.400 млади луѓе на возраст помеѓу 14 и 24 години, доаѓајќи до интересни, но и по малку мрачни заклучоци. Во фокусот на истражувањето била поврзаноста на социјалните мрежи со депресивното и проблематичното однесување, а со цел да се утврди дали истите имаат лошо влијание врз здравјето на младите.
Тажните резултати покажуваат дека социјалните мрежи создаваат зависност, дури и повеќе од цигарите и алкохолот, како и дека се поврзани со депресијата кај младите личности. Според Marie Claire, бројот на млади Британци кои страдаат од анксиoзност и депресија се зголемил за 70% во последните 25 години, што е навистина загрижувачки податок.
Но, да се вратиме на инстражувањето. Како најлоши за здравјето се покажале двете популарни мрежи базирани на фотографии - Snapchat и Instagram – бидејќи создаваат чувство на срам поради телото кое не е „совршено“, воедно поттикнувајќи и несоница и вознемиреност. Покрај тоа, младите признале и дека се чувствуваат лошо поради друштвените настани кои ги пропуштаат, а што се поттикнува од обете социјални мрежи.
Најпозитивната социјална мрежа е YouTube, откриваат истражувачите, затоа што ги учи младите на разни вештини, а ја подигнува и свеста за важноста на здравиот начин на живот, но и бројните проблеми, како што се насилството, алкохолизмот и бројните несигурности.
„Социјалните мрежи станаа место на кое ги градиме односите со другите, формираме самодовербата, се изразуваме и учиме за светот околу нас, па логично е што се директно поврзани со нашето ментално здравје.“, заклучува Ширли Крамер од „Royal Society for Public Health“.
Која е вашата омилена социјална мрежа?
М. А. | Црнобело