Навики кои штетат на телото

naviki-koi-shtetat-na-teloto-povekjeКако што постојат навики кои го подобруваат вашиот изглед, постојат и лоши навики кои се одржуваат во исхраната, физичката неактивност и...

 

...нервози кои може да го нарушат вашиот изглед.

Кои се овие навики?

naviki-koi-shtetat-na-teloto

1. Допирање на лицето – вашите раце во текот на денот собираат разни типови бактерии и нечистотии, а кога со такви раце ќе го допрете лицето, конечниот резултат за кожата не може да биде добар.

2. Пиење премногу диуретици (кафе, алкохол) – познато ви е дека треба да пиете 8 чаши вода дневно.

Но, ако на место тоа се напиете неколку диуретици, нема да направите добро за својот изглед.

Диуретиците се супстанци како кофеин и алкохол кои поттикнувате лачење вода од телото.

Ако земете предвид дека нашето тело е 70% вода, важно е да ја одржите хидратацијата за клетките да можат да функционираат и кожата да дише.

3. Премногу алкохол – алкохолот има краткотрајни и долготрајни ефекти на вашиот изглед.

Поттикнува дехидрација, ја суши кожата и прави да изгледате постари.

Освен тоа пиење секоја вечер со пријателите додава неколку стотини калории на вас, што доведува до пивски стомак.

4. Сончање – Ако премногу се изложувате на сонце вашата кожа ќе изгледа старо, а во најекстремен случај може да добиете меланом.

За да ја заштитите кожата избегнувајте сончање во најтоплиот период од денот, користете заштитна крема и очила за сонце.

5. Консумација на преработена храна – не само што ќе навлечете вишок килограми, оваа храна може негативно да се одрази и на вашата кожа (акни, митесери).

Прво правило е да избегнувате храна со бела боја, како рафинирано брашно, шеќер, маргарин и состојки со чудни хемиски имиња.

6. Пушење – цигарата содржи повеќе од 4.000 хемикалии од кои 51 се проверено канцерогени, така што секогаш кога ќе вовлечете дим дословно се убивате.

Кога пушите слободните радикали се формираат во вашето тело и ја оштетуваат вашата ДНА. Секако дека го знаете ова, но потребно е да знаете дека мора да престанете со пушење.

Користа е неизмерна во однос на она што го добивате од цигарата.

 

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
3 едноставни вежби за лимфна дренажа Вежбите за лимфна дренажа можат да помогнат во намалување на отоците кои настану...
Зошто дланките ви се постојано студени (и како да ги стоплите во зима)? За да не ви бидат рацете постојано студени, избегнувајте тесна облека и чевли. З...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Жени кои имале рак на дојка откриваат кои симптоми ги натерале да одат на преглед „Чувствував болка и еднаш ме разбуди среде ноќ. Мислев дека не е ништо сериозно,...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg