Митови за здравјето на забите на кои треба да заборавиме
Здравите заби се негуваат со добра хигиена, но и со добра информираност околу основните правила за тоа што ги оштетува, а што не.
Неколку митови во кои сме биле убедени за здравјето на забите, а не се вистина:
Шеќерот е непријател на забите
Всушност за тоа се виновни „лошите бактерии“ кои произведуваат киселини. Јаглехидратите се храна за овие бактерии, но не само шеќерот и благите, туку и здравите производи како овошјето и житариците.
Бремените жени не смеат да си ги поправаат забите
Напротив, ако има некакво воспаление, добро е што е можно побрзо да се третира.
Млечните заби не можат да се поправаат
Млечните заби често имаат помалку глеѓ и почесто и полесно се расипуваат.
За да ги чистите забите ви треба цврста четка
Повеќето забари препорачуваат мека четка за да не се гребат и оштетуваат непцата во процесот на чистење.
После оброк треба да користите чепкалки
Чепкалките можат да ги оштетат непцата. Наместо нив, најдобро е да користите конец за заби.
Колку почесто ги миете забите толку се поздрави
Напротив, премногу честото миење може да ги оштети. Најдобро е да ги миете двапати дневно, еднаш наутро и навечер пред спиење.
Ако ве болат забите, имате кариес
Не секогаш. Болката може да биде како резултат на чувствителност на забите, синуситис, воспаление на непцата...
Забите треба да ги миете по појадокот
Уште една грешка. Сите стоматолози ќе ви препорачаат забите да ги миете наутро, штом станете, пред да појадувате.
Н. Г. | Црнобело