Зошто е добро наутро да не го местите креветот?

Дали сте дел од оние кои секое утро пред да го испијат кафето и да заминат на работа, мораат да се свртат и да го наместат својот кревет, односно да направат мала „утринска гимнастика“?

zoshto-e-dobro-nautro-da-ne-go-mestite-krevetot-01.jpg

Новите истражувања тврдат дека местењето на креветот секое утро може да биде лошо за вашето здравје.

Сигурно мислите дека во прашање е некоја шега, но воопшто не е.

Во постелнината има околу 1.5 милиони грини кои штетно влијаат на здравјето на целокупниот организам. Можат да доведат до сериозни проблеми како алергии, па дури и астма.

Грините се паразити кои се хранат од мртвите клетки од кожата, а опстојуваат на темни и влажни места - токму таков каков што е вашиот кревет веднаш после станувањето.

zoshto-e-dobro-nautro-da-ne-go-mestite-krevetot-1.jpg

Бројните истражувања покажуваат дека подобро е креветот да го оставите ненаместен и директно изложен на сончева светлина која ги убива овие паразити.

Ако ненаместениот кревет ви пречи, можете да го средувате подоцна во текот на денот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg