Зошто не треба да го игнорирате прераното побелување на косата?
Бели влакна – првиот знак на стареењето, кој е тешко да го игнорирате и речиси секогаш изненадува.
Некои се плашат од нив и веднаш ги покриваат или кубат, додека други едноставно уживаат во осветлувањето на косата.
Сепак, кога седите влакна ќе се појават пред 30-тата, треба да се загрижите и малку повнимателно да испитате заради што се појавуваат. Бидејќи, не е до староста.
5 причини заради кои не смеете да го игнорирате прераното побелување на косата:
1. Срцеви проблеми
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои нагло обелуваат во косата, имаат зголемен ризик од срцеви заболувања. Задолжително посетете кардиолог доколку ја забележувате оваа промена преку ноќ.
2. Насобран пероксид
Нормално е вашите фоликули да произведуваат мала количина на пероксид. Но, кога лачењето ќе се зголеми, влакната ја губат бојата. Консултирајте се со лекар и во овој случај.
3. Недостаток на витамини Д3 и Б12
Истражувачите открија дека недостатокот на витамин Д3 води до губење на меланин, супстанцата задолжена на бојата и пигментот. Истото се случува и доколку ви недостасува витамин Б12. Понекогаш доволна е само соодветна исхрана, а понекогаш и суплементи во исхраната.
4. Цигари
Докажано, пушачите порано побелуваат, за разлика од оние кои никогаш не допреле цигара.
5. Наследна особина
Покрај овие 4 здравствени причини, последната е од различен тип – наследна. Па, ако имате родители чија коса била речиси бела на 30-40 години, очекувајте и вам да ви се случи истото.
М. Д. | Црнобело