Што се случува во телото 10 часа по нанесувањето на лак за нокти?
Сите знаеме дека премногу честото користење на лак за нокти има штетно влијание, кое може да доведе и до пожолтување на ноктите.
Овој козметички препарат предизвикува многу поголема штета од тоа што генерално се претпоставува.
Секако наша цел не е да ве натераме да се откажете од лакирањето на ноктите, но барем ќе имате можност да ги дознаете и негативните страни од користењето на истиот.
Која е главната опасност по здравјето?
Ризикот од користењето на лак е неговата токсичност. Поголемиот дел од модерната козметика наменета за нокти, ги содржи следниве елементи кои може да го уништат вашето здравје:
1. Толуен (Toluene) – растворувач кој дава мазен слој на ноктите и го задржува пигментот. Познато е дека толуенот може да влијае на централниот нервен систем, а може да предизвика и репродуктивни нарушувања.
2. Формалдехид (Formaldehyde) – безбоен гас, кој овозможува поголема трајност на лакот. Во потешки случаи може да предизвика неправилно чукање на срцето, напади и рак.
3. Дибутилфталат (Dibutyl Phthalate) – се користи како арома. Оваа компонента во лакот, може да предизвика ендокрини пореметувања, како и гинеколошки и респираторни заболувања.
Научниците спровеле истражување врз 24 жени. По 10 часа од нанесувањето на лакот, дифенил фосфатот во нивните тела достигнал 7 пати повисока концентрација од нормалната, што претставува алармантна состојба.
Како да изберете лак, кој ќе биде безбеден за вашето здравје?
На некои лакови постојат посебни предупредувања:
1. „5 Free“ – Овој симбол означува дека лакот не содржи формалдехид, формалдехид смоли, толуен, дибутилфталат и камфор.
2. „3 Free“ – Овој симбол означува дека лакот не ги содржи следниве три компоненти: формалдехид, дибутилфталат и толуен.
Следниот пат пред да купите лак, обрнете внимание на неговиот состав, бидејќи самите одлучувате за вашето здравје.
М. С. | Црнобело