Што треба да знаете за очните алергии?

Колку е убава пролетта! Поминуваме многу време надвор и се радуваме на топлото време. Но, ова годишно време има една гоолема мана- очните алергии, кои сите нас многу нè нервираат. Алергиите можат да бидат сезонски или пак да се појавуваат во текот на целата година.

shto-treba-da-znaete-za-ocnite-alergii-01.jpg

Во продолжение дознајте кои се причините за нивната појава и како се третираат.

Симптоми:

Очите ви се зацрвенети, ви се насолзуваат, ве чешаат, очните капаци се отечени и видот ви е заматен.

Причини:

Поленот, тревата, животните (домашни миленичиња), парфемите, најразличните козметички препарати, лековите, се главните причинители за појава на алергиите.

Tретман:

При појава на очните алергии најважно е брзо да реагирате, односно да ве прегледа очен лекар чии препораки и совети ќе ви помогнат во успешното лекување.

„Во нашата клиника користиме неколку групи на лекови за намалување и излекување на симптомите на алергискиот конјунктивитис кои што се најчесто во форма на капки, едноставни и добро поднесливи за секојдневна употреба. Кај полесните форми на алергиски конјунктивитиси најчесто препорачуваме употреба на таканаречени вештачки солзи, вид на капки кои по својот состав се слични на природните, а тие го намалуваат чешањето и печењето на очите, заедно со користење на студени облоги. Во потешките случаи, каде што веќе наведената терапија нема да ги даде посакуваните резултати, следува за поинтензивна терапија со кортикостероидни капки за очи.”, вели Д-р Златко Арнаудовски, специјалист офталмохирург од очната клиника „Систина Офталмологија”.

Контактни леќи и алергии?

Не одат заедно во комбинација дефинитивно! Сите вие кои носите леќи сте поподложни на алергии и инфекции. За среќа, кога ќе ја направите ласерската корекција на диоптрија ќе имате можност засекогаш да се ослободите од очилата за вид и проблемотите со алергиите и со диоптријата да ги решите.

Повеќе за очните алергии прочитајте од интервјуто на д-р Златко Арнаудовски во магазинот „Портрет”.

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg