Кој витамин му е најпотребен на вашиот организам?
Без разлика на тоа што постојано се нагласува колкаво е значењето на витамините, постојат огромен број на луѓе кои недоволно ги внесуваат.
Според последните истражувања, од особено значење е внесувањето на витамиот А. Покрај тоа што е главен регулатор на имунолошките функции, тој исто така е одговорен за чистата и здрава кожа, но најважно од сѐ ја регулира тироидната жлезда.
Анализите откриваат дека најголемиот дел од луѓето не ја внесуваат препорачаната доза на витаминот А.
Хормоните на тироидата го регулираат начинот на кој клетките ја искористуваат енергијата, што пак директно влијае на метаболизмот. Кога нивото на овие хормони е премногу ниско, одредени делови од телото ја забавуваат својата функција, па ова може да предизвика опаѓање на вашиот метаболизам.
Според одредени истражувања, потребната доза на витаминот А, може да се внесува и само со исхраната, а тоа значи насочување кон свеж зеленчук: домати, брокули, морков, спанаќ и сл.
Доколку вашиот доктор ви потврди дека имате дефицит на А витаминот, исто така може да ви препише суплементи, кои ќе ви помогнат при регулирање на витаминскиот недостаток.
За да не се доведете до таква ситуација, консумирајте повеќе зеленчук и оброци богати со витамини.
С. У. | Црнобело