Грејпфрут појадок за поенергичен ден

Иако има репутација на кисело овошје, грејпфрутот може да биде навистина вкусен доколку го подготвите на вистински начин со соодветно комбинирање на состојки. Доколку некогаш пробате бруле грејпфрут подготвен со кафеав шеќер, ќе ви стане јасно за што зборуваме.

grejpfrut-pojadok-za-poenergichen-den-001.jpg

Покрај тоа што може да биде одлична замена за брз и вкусен појадок, грејпфрутот е овошје кое ви помага да внесете огромно количество на витамини и енергија кои ви се потребни во текот на денот.

Според едно истражување објавено во „Journal of Agricultural and Food Chemistry“, црвениот грејпфрут може значително да го намали нивото на холестерол во крвта.

Друго истражување докажало дека оваа овошка го забрзува метаболизмот, но истовремено го намалува нивото на глад, па ве тера да се чувствувате сити во текот на целото претпладне.

На видеото во продолжение погледнете како на едноставен начин да добиете здрав и вкусен појадок:

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg