Зошто треба да носите тениско топче во авион?

При планирањето на авионскиот лет, не заборавајте да спакувате и тениско топче во рачниот багаж.

zoshto-treba-da-nosite-tenisko-topche-vo-avion-4.jpg

Топчето нема да ви служи за здодевање на останатите патници, ниту пак за удирање во ѕидот на авионската кабина, што е строго забрането. Напротив, има мошне корисна намена и е одличен сојузник во текот на патувањето.

Масажата со тениско топче ја поттикнува циркулацијата на крвта во телото, ја намалува болката во мускулите и отстранува симптомите на замор, кои често се појавуваат како последица на долготрајните летови и промената на временските зони.

zoshto-treba-da-nosite-tenisko-topche-vo-avion-2.jpg

Сите сме свесни дека седењето на едно место, во иста положба и подолг временски период, може да има негативни последици на здравјето, па не чуди што авионските летови и не се меѓу најздравите активности кои може да ги преземете за својата добросостојба.

Токму затоа, експертите за здравје советуваат да потстанете во текот на летот, да ги протегнете нозете и превентивно да делувате на болките во мускулите и заморот. Притоа, тениското топче ќе ви биде од голема полза.

zoshto-treba-da-nosite-tenisko-topche-vo-avion-3.jpg

„Со земањето тениско топче на летот со авион, ќе ја зголемите циркулацијата. Тркалајте го преку рамениците, долниот дел на грбот, нозете и долниот дел на стапалата, за да го подобрите протокот на крвта“, советува хирургот Али Ѓоз од Клиниката за ортопедија во Лондон.

Доколку го заборавите топчето дома, крвта ќе ја стимулирате и со масажа на нозете, од глуждовите кон бедрата.

zoshto-treba-da-nosite-tenisko-topche-vo-avion-1_copy_copy_copy_copy.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg