Зошто ви трнат одредени делови од рацете и како да си помогнете?
Трнењето во раката и прстите се случува на секоја 10-та личност во светот. Може да биде привремено или постојано, а се појавува од многу различни причини.
Според тоа кој дел од дланката и прстите ви трнат, можете да ја откриете и причината:
Премореност
Кои се симптомите? Кога вршите притисок на зглобот може да дојде до премореност на раката и чувство на трнење во прстите.
Што да правите? Трнењето треба да исчезне веднаш штом ќе ја одморите раката или пак, масажа ќе ви помогне да се ослободите од непријатното чувство.
Недостаток на витамини
Кои се симптомите? Недостатокот на витамините E, B1, B6, B12 и нијацин може да доведе до трнење, бидејќи овие витамини се есенцијални за правилно функционирање на нервите.
Што да правите? Одговорот е очигледен. Ќе морате да го вратите балансот на витамини и минерали во организмот со правилна исхрана, па и суплементи.
Повреда на ‘рбетот
Кои се симптомите? Оштетувањето на разни делови од ‘рбетот може да се покаже и како трнење на малиот и домалиот прст. Ова најчесто се случува од долго седење.
Што да правите? Докторите советуваат почесто да се растегнувате, да вежбате јога или гимнастика и да пливате.
Синдромот на карпален тунел
Кои се симптомите? Овој синдром најчесто се јавува како трнење на палецот, показалецот и средниот прст и истите знаат и да потечат.
Што да правите? Едноставните вежби за загревање најчесто можат многу да помогнат во овој случај.
Проблеми со циркулацијата
Кои се симптомите? Кога ви трне поголемиот дел од раката, истата е студена и некогаш малку потечена, тоа е знак дека имате некакви проблеми со циркулацијата или заради оштетен нерв, изместување на мускулите или кардиоваскуларни болести.
Што да правите? За да си ја подобрите состојбата морате да вежбате, да најдете начин како да се ослободите од стресот и почесто да пешачите за да ја поттикнете циркулацијата.
Биргерова болест
Кои се симптомите? Оваа болест најчесто се јавува кај пушачите заради постојаното собирање на никотин во организмот, па прво почнува да трнат прстите, а потоа и целата рака.
Што да правите? Моментално, не постои начин како 100% да се ослободите од оваа болест, но едно е јасно, време е да се откажете од цигарите.
Дијабетес
Кои се симптомите? Еден од најраните знаци на дијабетес е трнење во прстите на рацете и нозете, а потоа и на целите екстремитети. Ова е заради намалениот проток на крв во нервите кои се оштетени.
Што да правите? Во овој случај најдобро е да се посоветувате со доктор за тоа како да си помогнете.
Н. Г. | Црнобело