Корисно или штетно: Како белото чоколадо влијае на здравјето?
Не би поверувале, но белото чоколадо во голема мера може да влијае на вашето здравје. За што точно станува збор?
За белото чоколадо се верува дека за првпат било произведено во 1930 година од швајцарската компанија Nestle, која и премиерно го вовела како производ на европскиот пазар.
Во својот состав стандардно содржи млеко, шеќер и путер од какао (без тврдите материи од какаото).
Иако многумина сметаат дека белото чоколадо, всушност и не е вистинско чоколадо поради состојките од кои е направено, неговата позитивна страна никој не може да ја негира.
Бидејќи се произведува од млеко, белото чоколадо е богато со калциум.
Освен што го одржува доброто здравје на коските и забите, калциумот придонесува и за нормалната функција на срцето, мускулите и нервниот систем.
Белото чоколадо помага и за превенција на алергиите и депресијата.
Покрај тоа, во својот состав содржи и фосфор и витамин Б2.
Фосфорот е важен минерал кој влијае на нашиот раст и развој на клетките, додека витаминот Б2 е важен за функцијата на нашиот метаболизам.
Според тоа, освен што е многу вкусен, овој сладок десерт може да има и позитивни ефекти за здравјето, секако, доколку се консумира повремено и во умерени количини.
Сè уште чекате? Засладете се со коцка, две, три...
М. А. | Црнобело