Грешки при користењето на тампони кои често ги правите, а не треба
Доаѓа потопло време, а тоа значи дека многу девојки кои во текот на зимата користат влошки, сега се одлучуваат за тампони.
Но, истите треба внимателно да ги употребувате, бидејќи во спротивно сериозно може да си наштетите.
Грешки кои најчесто секоја жена ги прави, а не треба:
1. Рацете ги миете само откако ќе го ставите тампонот
Рацете морате да ги миете и пред и после ставањето на тампонот.
2. Не го ставате тампонот доволно длабоко
Како ќе знаете дека тампонот сте го ставиле доволно длабоко? Така што нема да го чувствувате.
3. Користите една величина на тампони
За деновите кога менструалниот циклус е посилен треба да употребувате поголеми тампони и обратно.
4. Премногу ретко го менувате тампонот
Ова е доста важно - тампонот се менува на секои 4 до 5 часа, во спротивно се собираат бактерии.
5. Користите тампон кога имате само исцедок
На почетокот и кон крајот на менструалниот циклус, не треба да употребувате тампон, бидејќи истиот може да ја иритира кожата, да ја промени киселоста на вагината и да предизвика појава на воспаление.
6. Носите тампон ден пред и ден после менструалниот циклус
Истото важи и кога „за секој случај“ носите тампон пред да ви почне и откако ќе ви заврши циклусот. Тампонот не е добро да го користите кога вагината е сува.
7. Не го менувате тампонот после вршењето на нужда
Тампонот не мора да го менувате при секоја мала нужда, ама добро е да го менувате после 3 до 4 пати, бидејќи на него почнуваат да се собираат бактерии кои не се добри за вагината.
8. Не го менувате тампонот после пливање
Ако одите на одмор и покрај циклусот решите да влезете во вода, добро е веднаш потоа да го промените тампонот, бидејќи впива вода и надворешни бактерии кои во ниту еден случај не се добри за вагината.
9. Користите миризливи тампони
Пријатните мириси предизвикуваат само иритација.
10. Тампоните ги чувате на места каде прска вода
Избегнувајте да ги чувате тампоните во близина на тушот или мијалникот каде можат да примат од влагата и водата.
Н. Г. | Црнобело