Грижете се за вашите стапала
Конечно се решивте да започнете со вежбање, се решивте да се држите на одреден начин на исхрана се со цел да симнете неколку килограми.
Повеќето вежби, спортови и телесни активности се на терет на нозете, или поконкретно на стапалата. Фактички стапалата поднесуваат најмногу притисок и болка, затоа е важно да се грижите за нив.
Кога ви започнува вашиот тренинг имајте на ум дека важно е да правите посмирени и полагани чекори. Започнете со вежба која нема многу да ви ги оптоварува стапалата. Повеќе се препорачува да се занимавате со пливање или спортувањето со велосипед, отколку тенис или трчање.
Понатаму, многу е важна облеката која ја носите за време на вежбите, добро е таа да биде соодветна. Не купувајте патики кои се тесни и неудобни, надевајќи дека ќе попуштат. Истегнете ги стапалата откога ќе ви завршат вежбите, така најубаво ќе ја отстраните напнатоста и болките.
Многу е важно да внимавате на зглобовите и лигаментите како и на мускулите на долниот дел од ногата. Влажноста на вашите обувки или атмосферата околу нив е идеална средина да се развиена “атлетско стапало”, затоа е добро вашите нозе да бидат секогаш чисти.
Угодете им на своите стапала, по дома или со папучи, или пак 3 пати неделно ставете ги во топла вода, тоа навистина прави чуда.