Тајната за здрав живот од жена која преживеала рак и изгледа децении помлада - 6 шолји чај, секој ден

Жена која преживеала рак на дојка, сега гордо ја покажува својата фигура и објаснува како ја одржува.

tajnata-za-zdrav-zivot-od-zena-koja-preziveala-rak-i-izgleda-decenii-pomlada-6-solji-caj-sekoj-den-01.jpg

За Сју Лиминг, многумина би рекле дека е во нејзините 30-ти години, но таа има 51 година.

Кога била дијагностицирана со рак на дојката, решила да заборави на нездравите навики и не само што успеала да се излечи, туку и да изгледа како да е најмалку две децении помлада и со совршено витка фигура.

tajnata-za-zdrav-zivot-od-zena-koja-preziveala-rak-i-izgleda-decenii-pomlada-6-solji-caj-sekoj-den-2.jpg

Тајната на нејзиниот младешки изглед е тоа што избегнува храна од животинско потекло и пие по 6 чаши чај на ден.

tajnata-za-zdrav-zivot-od-zena-koja-preziveala-rak-i-izgleda-decenii-pomlada-6-solji-caj-sekoj-den-4.jpg

„Луѓето велат дека изгледам како да сум помеѓу 35 и 43 години, па и дека секој ден се подмладувам. Не можат да поверуваат колку години имам кога ќе им кажам.“ - вели Лиминг.

„Никогаш не сонував дека ќе успеам да живеам толку долго, па и да изгледам онака како што изгледам на 51 година. Никогаш не сонував дека едвај ќе чекам да облечам костим за капење како во Baywatch“ - додава.

tajnata-za-zdrav-zivot-od-zena-koja-preziveala-rak-i-izgleda-decenii-pomlada-6-solji-caj-sekoj-den-3_copy.jpg

Сју се води по ригорозна диета и режим за разубавување за да изгледа така како што изгледа.

„Пешачам секој ден, медитирам и пијам многу хербални чаеви“ - вели таа.

„Никогаш не отстапувам од мојата диета и намалив на количините на шеќер кои ги внесувам“ - додава.

tajnata-za-zdrav-zivot-od-zena-koja-preziveala-rak-i-izgleda-decenii-pomlada-6-solji-caj-sekoj-den-5.jpg

„Повеќе не пијам газирани пијалаци, ниту алкохол, ама понекогаш си дозволувам по една чаша црвено вино“ - објаснува.

Повеќе не јаде месо, месни и млечни производи, а јаде по 8 порции зеленчук во текот на денот.

tajnata-za-zdrav-zivot-od-zena-koja-preziveala-rak-i-izgleda-decenii-pomlada-6-solji-caj-sekoj-den-6.jpg

Но, Сју не живеела отсекогаш така. На млади години, таа пиела секој ден и работела по 12 часа сè до 2007-ма кога и бил дијагностициран прогресивен рак на дојка. Лекарите ѝ кажале дека нема да живее повеќе од 5 години.

tajnata-za-zdrav-zivot-od-zena-koja-preziveala-rak-i-izgleda-decenii-pomlada-6-solji-caj-sekoj-den-7.jpg

Ама, тоа само ја мотивирало да почне да живее здраво. Во 2009-та година, работите драстично се промениле и успеала да се излечи од ракот, благодарение на промените на животните навики.

tajnata-za-zdrav-zivot-od-zena-koja-preziveala-rak-i-izgleda-decenii-pomlada-6-solji-caj-sekoj-den-1.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg