Како да не си го нарушите здравјето, ако мора да седите по 8 часа на работа?
Докторите велат дека болката во телото, мускулите и неправилното држење се последица на неправилно седење во 75% од случаите.
А, бидејќи повеќето сме по 8 часа фиксирани пред компјутерот, време е да научиме како да си го заштитиме здравјето, барем малку.
Лизгање наназад
Доколку чувствувате дека столчето ви е преголемо, а потпирачот предалеку, ставете перниче.
Внимавајте рацете да не ви се превисоко поставени
Додека работите, рацете ви се постојано активни. Затоа, важна е поставеноста. Лактите треба да се подвиткани под 90 степени.
Не ги прекрстувајте нозете
Прилагодете го столчето, односно неговата висина. Нозете не смее да ви висат или да бидат претерано свиткани. Ставете ги на земја под агол малку поголем од 90 степени.
Позиционирајте го мониторот правилно
Не се прилагодувајте вие според него, прилагодете на висината според вашето седење. За најдобро да „пресметате“ каде и како треба да стои мониторот, седнете исправено во столчето, затворете ги очите и релаксирајте се. По 3 минути, отворете ги. Во точката во која ќе гледате треба да се наоѓа центарот на мониторот.
Внимавајте и на здравјето на очите
Доколку имате црвенило, замаглен вид или суви очи, бидете претпазливи. Мониторот треба да е оддалечен околу 50 сантиметри од очите. Внимавајте и на отсјајот. Доколку мониторот ви е поставен спротивно на прозорецот или било каков друг извор на светлина, поместете го или затворете ги ролетните. Носете очила доколку ви помагаат или користете капки и масти за очи. не заборавајте да ги одморите очите - по 20 секунди на секој час.
Размрдувајте се и додека седите
Правете кратко вртење на рацете, нозете или притискајте ги мускулите кои најмногу ве болат. Пред и по работното време пешачете, наместо да патувате со автомобил и јавен превоз. Најважно од сè - хранете се здраво.
М. Д. | Црнобело