Дали џвакањето мастики е навистина опасно по здравјето?
Да разјасниме на самиот почеток, џвакањето мастики не може да ве убие (освен ако некоја не ви залетне во дишникот и не успее да ве задуши, што е навистина црно морбидно сценарио). Но, група истражувачи се заинтересирале за суптилните нус-ефекти кои се појавуваат со секојдневното џвакање мастики за кои луѓето треба да се свесни.
За одредени продукти знаеме дека предизвикуваат подуеност на стомакот. Млечни производи, пиво, грав и зелка. Но, мастики за џвакање?
Според последното истражување, популарен адитиви кој го има во лебот, слатките и гумите за џвакање се поврзува со цревата, односно проблемите со стомакот.
Главниот виновник е супстанцијата титаниум диоксид кој се употребува за храната да изгледа поубаво, односно попривлечно. За полесно објаснување - она што е хајлатерот за кожата во шминкањето, тоа е титаниум двооксидот во храната.
Но, истражувањето кое се спровело на Универзитетот „ Binghamton“ во Њујорк покажало дека оваа супстанција ја оневозможува ефектицната апсорпција на корисни нутриенти во организмот, а истовремено ги зголемува воспалителните процеси.
Во истражувањето, лицата кои 5 дена јаделе храна обогатена со титаниум двооксид покажале ослабена моќ на апсорпција на минерали како железо, цинк и корисните масни киселини.
Воедно, нивниот метаболизам покажал знаци на успорување во работата.
Иако адитивот е дозволен за употреба и може да го пронајдете во многу продукти како паста за заби и крем за сончање, сепак доколку страдате од бавен метаболизам или подуеност на стомакот, можеби треба да размислите да ги сведете мастиките за џвакање на минимум.
(О)Милена | Црнобело