5 работи кои гинеколозите сакаат да ги знаете: „Не се сеќаваме на вашите интимни делови кога ве гледаме на улица“

„Еднаш имав случај кој се претстави со блага болка во стомакот“ - вели гинекологот Нарендра Писал кој 27 години работи во една гинеколошка ординација во Лондон.

ako-ste-zagrizeni-da-guglate-podobro-e-da-posetite-lekar-5-soveti-od-ginekolozite-01.jpg

„Мислеше дека има само накачено некое кило, но на прегледот се покажа дека има циста на јајникот која тежи 19 килограми. За среќа беше бенигна, па операцијата помина добро“ - додава.

Заради ваквите случаи, тој и останатите гинеколози се надеваат дека жените ќе сфатат дека колку и да се чинат одредени проблеми како незначајни, подобро е да се прегледаат.

Па, што сакаат професионалците да знаете?

1. „Ако имам една работа да кажам на жените, тоа е дека ако се доволно загрижени да пребараат на Google, подобро е да одат на лекар“ - вели докторката Џозефин.

2. „Не ги трпете ужасните менструални циклуси, подобро е да знаете зошто точно ви се случуваат. Плус, голема е веројатноста да најдете решение како да си помогнете благодарение на советите на лекарите“.

3. „Ако трошите повеќе пари на средства за лична хигиена, отколку на храна, тогаш редно време е да го посетите вашиот гинеколог, кој може да ви каже што не е во ред“.

4. „Не постои нешто што не сме го виделе претходно и не ни е грижа дали сте депилирани. Нема да се сеќаваме на вашите интимни делови, ако случајно ве видиме надвор од ординацијата“ - вели Ен Хендерсон, гинеколог од Кент.

5. „Ова е единствената најважна работа која можат да ја направат жените за да си го подобрат здравјето и да си го продолжат животниот век - да го посетат својот гинеколог“ - заклучуваат повеќето гинеколози.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg