4 начини како да се приспособите на наглите промени на времето
По „зимскиот сон“ сите едвај чекаме да се појави сонцето и да можеме да поминеме што повеќе време во природа.
Но, наглите промени на температурите, едноставно прават да се чувствуваме уморно и исцрпено, а главоболката е нешто од кое никако не можеме да се ослободиме.
За да не морате ди ги поминете сончевите денови дома со апчиња за главоболка, ова се начините на кои можете да му помогнете на телото полесно да се адаптира на временските промени:
1. Следете ја временската прогноза
Како што секое утро пред да излезете од дома проверувате каква е температурата, за да одлучите што да облечете, така проверувајте и дали утринската температура драстично ќе се разликува од дневната температура.
На тој начин ќе можете навремено да го подготвите телото за таквата промена.
Ако припаѓате на групата луѓе чувствителни на временските промени, при првите симптоми на главоболка, земете парацетамол и ослободете се од истата.
2. Излезете во природа
Кој било облик на физичка активност во траење од најмалку половина час, ќе го направи вашиот организам стабилен и отпорен на временските промени. Уште подобро би било, ако физичката активност се одвива во природа и на чист воздух.
3. Консумирајте разновидна храна, полна со витамини
Здравата и правилна исхрана, богата со овошје и зеленчук, е добар лек за ублажување на негативните последици од времето. Покрај разновидната исхрана, важно е редовно да внесувате и вода, по можност 2-3 литри на ден, во зависност од полот и активностите кои ги имате во текот на денот.
4. Заменете го кафето со чај од билки
За полесно да се справите со метереопатијата, може да се опуштите со консумирање на различни билни пијалаци. Изберете чај од камилица, нане или мајчина душица, кои помагаат за опуштање на нервите. Освен што ќе уживате во разните мириси на природните билки, истите ќе ви помогнат и да ги пребродите наглите промени на времето.
М. С. | Црнобело