Храна од која растат мускули
За да добиете мускули не е доволно само да спортувате. Комбинирајте ја исхраната со спортски активности и извлечете максимум од своето тело.
Која храна е соодветна за да добиете добар изглед на мускулите?
На прво место се јајцата. Белковините ги зголемуваат мускулите, а во јајцата има 12,8 грама на 100 грама јајца.
Потребни ви се и јаглехидрати кои нема претерано да го напнат вашето тело. Направете си каша од житарици или јадете спанаќ наутро. Лесен, а енергетски појадок е вистински избор.
Пилешкото месо не дебелее, а сепак е добар извор на сила. Со само еден грам масти на 100 грама месо, тоа е вистински извор на протеини.
За здрави јаглехидрати и витамини – земете банани.
Ако сакате меѓу оброци да грицнете нешто, немојте да се одлучите за леб. Одлична алтернатива е двопекот или свежо сирење.
Кој вели дека какаото не е здраво? Какао правта содржи бројни состојки кои се потребни на нашето тел. За сите спортисти – додајте си малку во шишенце за време на тренингот.
Компирите содржат потребни минерали кои се важни за мускулите.
Лешниците содржат билни масти кои ослободуваат енергија. Тие се одлична опција наместо смоки и чипсови помеѓу главните оброци.