Дали влакната на брадавиците се нормална појава и што да правите со нив?

Влакната на брадавиците се непријател број еден на многу жени, но реалноста не може да се промени. Ние по природа сме цицачи, а тоа значи дека мораме да имаме одредена количина на влакна на телото.

dali-vlaknata-na-bradavicite-se-normalna-pojava-01.jpg

Но, и покрај овој факт, не можеме да избегаме од тоа дека влакната на одредени од телото ужасно нè нервираат и нè тераат да се запрашаме: „Зошто не може да имаме влакна/коса само на главата и на ниту еден друг дел од телото“?

dali-vlaknata-na-bradavicite-se-normalna-pojava-1.jpg

Сепак, на крајот од денот не можеме да избегаме од реалноста, а тоа е дека понекогаш ќе се случи да имаме влакна дури и на брадавиците.

Што се влакна на брадавиците?

Луѓето се цицачи, што значи дека на кожата имаат влакна. Некои области од телото имаат повеќе влакна од другите, но дури и оној дел од кожата што ни се чини како да е без влакна, всушност, има мали, речиси невидливи влакна.

Тоа ги вклучува и градите.

Она што мислиме дека се влакна на брадавиците, всушност растат на кожата околу брадавиците. Тука, некои влакна се мали и светли, но може да се случи и да пораснат поголеми и потемни.

Кога зборуваме за влакна на брадавиците, мислиме на оние вторите кои се јасно видливи.

Дали влакната на брадавиците се нормални?

Конечниот одговор е да, влакната се сосема нормални.

Поголемиот дел од жените, немаат многу влакна како и мажите, но тоа не ги исклучува деловите од кожата како под пазувите, на нозете и гениталиите.

Па, и влакната на брадавиците се многу честа појава. Според докторката Џејн Минкин, дури 30% од жените имаат влакна на брадавиците.

dali-vlaknata-na-bradavicite-se-normalna-pojava-2.jpg

Кога влакната на брадавиците не се нормална појава?

Ако одеднаш почнат да се појавуваат влакна на овој предел или ако сте имале и претходно, ама сега почнуваат да растат поголеми и потемни, тоа значи дека имате промени во хормоналниот статус.

dali-vlaknata-na-bradavicite-se-normalna-pojava-3.jpg

Тоа исто така, може да значи дека имате и хормонални реакции на одредени лекарства, ако во моментот ги примате или може да се јават како резултат на полицистични јајници.

Што да правите, ако имате влакна на брадавиците?

Прво, можете да одлучите да ги оставите:

dali-vlaknata-na-bradavicite-se-normalna-pojava-9.jpg

Но, ако заради естетски причини, сакате да се ослободите од нив, можете:

1. Да ги чупате

Така, најбрзо можете да се ослободите од непосакуваните влакна, само треба да внимавате да го дезинфицирате местото пред да се чупате.

dali-vlaknata-na-bradavicite-se-normalna-pojava-4.jpg

2. Да ги бричите

Вака нема да почнат да ви растат повеќе влакна, како што тврди митот за бричење, но од друга страна, можете да го иритирате местото, а потоа да ве чеша.

dali-vlaknata-na-bradavicite-se-normalna-pojava-5.jpg

3. Да ги кратите

Исто така, можете влакната и само да ги кратите со ножички.

dali-vlaknata-na-bradavicite-se-normalna-pojava-6.jpg

4. Да ги депилирате

Како и останатите делови од телото, така и влакната на брадавиците, можете да ги депилирате, но очекувајте кожата во тој предел да ви стане многу чувствителна, барем неколку часа после депилирањето.

dali-vlaknata-na-bradavicite-se-normalna-pojava7.jpg

5. Ласерски зафат

Ласерското отстранување знае да биде болно за многу луѓе, па и прилично скапо, но истовремено, да биде и најефикасен метод, ако воопшто не сакате да имате влакна на овој дел од телото.

dali-vlaknata-na-bradavicite-se-normalna-pojava-8.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
8 причини зошто би можеле да имате болка во брадавиците Многу често брадавиците знаат да болат од триење при носење несоодветен градник ...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg