Домашен рецепт со кој ќе заборавите на воспалените синуси
Синуситис е позната синусна инфекција која ги воспалува синусите и е многу чест проблем кој се јавува кај луѓето.
Оваа состојба најчесто е хронична, а нејзините симптоми се главоболка, засилено лачење на тврда слуз во носните канали, слабост на сетилото за мирис, кашлица, лош здив или температура.
Најчесто се посегнува по лекови, но тоа е само привремено решение. Со овие домашни состојки, ќе успеете да се ослободите од болката за брзо време и на подолг рок.
Состојки:
- ½ чаша чиста вода за пиење
- ¼ чаша јаболков оцет
- 1 лажица мед
- 1 лажица црвен мелен пипер
- 1 цеден лимон
Подготовка:
Сварете ја водата и ставете ја во чаша. Додадете го јаболковиот оцет и промешајте. Оставете да отстои на собна температура еден час, а потоа додадете ги медот и црвениот пипер.
Добро промешајте додека смесата не се соедини, па потоа додадете го и лимонот.
Пијте по една ваква доза двапати дневно, еднаш пред појадок и еднаш пред спиење. За неколку дена, синусната инфекција ќе се повлече.
И. И. | Црнобело