Медитација во пет чекори: Најдобар начин да се ослободите од стресот
Медитацијата е одличен превентивен и терапевтски метод, особено кога е стресот во прашање. Во светот сè повеќе се применува во здравствените установи, а нејзината вредност е потврдена од бројни клинички истражувања.
Медитацијата е најдобриот начин да се ресетирате, опуштите и средите мислите. Секој може да медитира, со добра волја и малку трпение. За медитација е потребно да издвоите од 15 до 30 минути дневно, а штом ја совладате техниката, вашиот живот повеќе нема да биде ист.
Ова се петте чекори што треба да ги следите:
Осамете се
Одберете тивко место и затемнете ја собата за светлината да не ги дразни вашите очи. Исклучете го телевизорот, радиото, компјутерот, часовникот, телефоните и сè останато што би ви пречело. Доколку медитирате на отворено, подеднакво важно е тоа да го правите на тивка локација.
Препуштете се
Седнете во положба која ви е навистина удобна. Важно е кичмата да биде исправена, а рамената опуштени. Рацете може да ги поставите во вашиот скут или на колената. Затворете ги очите, опуштете го телото и препуштете се потполно на силата на гравитацијата. Доколку не ви поаѓа од рака опуштањето, прво напрегнете ги сите мускули, а потоа опуштајте се. Помислете: „Се чувствувам смирено и удобно. Мирот е моја природна состојба.“
Насочете го вниманието на дишењето
Потрудете се да го почувствувате целото тело. Уживајте во својата смиреност, опуштеност и безбедност. Слушајте како вашето срце чука мирно и цврсто. Свесно насочете го вниманието на својот природен здив во пределот на носот и носната канали. Дишете полека, слободно и длабоко. Додека го задржувате здивот, размислувајте за тоа колку сте смирени и колку ви е удобно. Дишете на овој начин од 10 до 20 минути.
Бидете трпеливи
Пред да започнете со медитирање, важно е да не очекувате големи резултати веднаш. Подгответе се за тоа. Бидете задоволни што и да почувствувате, но важно е да научите да бидете трпеливи, а во исто време љубопитни.
Стекнете навика
Обидете се да медитирате барем 15 минути дневно. Тоа можете да го правите наутро, непосредно по будењето, или, пак, навечер, кога ќе завршите со сите обврски и кога ви е полесно да се опуштите.
М. А. | Црнобело