7 намирници кои ќе ви помогнат да изгледате 10 години помладо
Сите ние сакаме да изгледаме помлади од она што реално сме и да живееме што е можно подолго, но за да биде тоа така, потребно е да си посветиме малку повеќе внимание на себе.
За млада и негувана фигура, најпрво треба да му се заблагодариме на генетското наследство, но сепак треба да ни е и повеќе од јасно дека исхраната игра исто така клучна улога во одржувањето на убава и млада кожа.
Во продолжение, погледнете кои 7 намирници ќе ви помогнат да изгледате 10 години помладо.
1. Авокадо
Веројатно сте слушнале дека авокадото добива на вредност поради неговата висока содржина на масти, меѓутоа сигурно не сте знаеле дека овие масти се многу здрави. Јадењето едно авокадо на ден може да го намали холестеролот и го поддржува процесот на регенерација на кожата. Авокадото е богато со витамин Ц, калиум, антиоксиданси и фолна киселина.
2. Морков
Овој зеленчук е познат по тоа што е вистински заштитник на видот и сето тоа благодарение на бета-каротенот. Бета-каротенот е супстанца која телото ја претвора во витамин А, а со тоа им помага на мрежницата и другите делови на окото да функционираат непречено. Меѓутоа внимавајте, доколку консумирате зготвени моркови, значително го намалувате внесот на хранливи материи и витамини.
3. Цитрусни овошја
Цитрусните овошја се примарен извор на витамин Ц и фолна киселина. Тие помагат да се намали нивото на холестерол во крвта. Доколку ги консумирате редовно, овие овошја ќе ви помогнат да ги спречите проблемите со циркулацијата, срцевите заболувања, но и да ги намалите болките во зглобовите. Пиењето на сок од лимон на празен стомак го чисти дебелото црево и го детоксифицира телото.
4. Лук
Лукот не само што е моќно оружје против вампири, туку тој може да „убие“ и навистина многу инфекции, доколку правилно го употребувате. Неговото антибактериско својство го прави овој зеленчук еден од најдобрите природни антибиотици. Лукот притоа го балансира холестеролот, ја подобрува циркулацијата на крвта, ја регулира хипертензијата и помага при намалување на ризикот од одредени видови на рак.
5. Темно чоколадо
Конечно нешто вкусно! Замислете, консумирањето на темно чоколадо има навистина многу придобивки. Тоа содржи антиоксиданси, како што се флавоноиди, кои ѝ помагаат на вашата кожа да се заштити од UV-оштетување, се бори против слободните радикали и придонесува кон подобрување на хидратацијата, но и при намалување на дебелината.
Сепак не се радувајте пребрзо! Сите овие бенефити можете да ги добиете само од оние чоколади кои содржат најмалку 75% какао.
6. Маслиново масло
Маслиновото масло не е само суштински дел на здравата исхрана, тоа исто така може да биде и одличен прилог при нега на вашата кожа. Ова масло е еден од главните извори на алфа-линоленска киселина која ја одржува кожата хидрирана и тонирана, а исто така го спречува и нејзиното стареење.
7. Домати
Доматите не само што се сочни и вкусни, тие се и одлични за вашето здравје. Доматите се полни со хранливи материи и содржат голема доза на витамините А и Ц. Тие исто така имаат голем ефект при превенција на кардиоваскуларни, дегенеративни и заразни болести.
С. У. | Црнобело