3 бројки откриваат дали вашето тело е здраво

Ништо не е поважно од здравјето – тоа е факт на кој често забораваме во модерната ера на брз и динамичен живот.

3-brojki-otkrivaat-dali-vaseto-telo-e-zdravo-1.jpg

За да знаеме дали сè е во ред со нашето тело доволно е да обрнеме внимание на само три основни бројки кои гарантираат дека сме здрави и внимаваме на себе.

Тие три бројки се следните:

1. Крвниот притисок

Високиот крвен притисок може да се каже дека е болеста на модерното време. Правилното одржување на нормалните вредности може да спречи појави на помалку сериозни болести, но и појава на мозочен или срцев удар. За да бидете сигурни дека не припаѓате во ризичната група, ова се работите кои треба да ги знаете:

  • Нормален крвен притисок е 120/80
  • Притисокот помеѓу 120/80 и 139/89 се нарекува „пред-хипертензија“
  • Високиот крвен притисок изнесува 140/90 и повеќе

Хипертензијата (висок крвен притисок) го зголемува ризикот од мозочен удар, срцев удар, аортна артериска болест и хронична бубрежна болест. Хипертензијата нема никакви симптоми, па токму затоа и се нарекува тивок убиец.

2. Обем на половината

Погледнете ја вашата половината и ќе знаете дали сте здрави, велат некои експерти. Висцералните масти (мастите во пределот на стомакот), кои се наталожени околу внатрешните органи, испраќаат токсини низ целото тело. Секои 5 сантиметри над нормалната вредност го зголемуваат ризикот од смрт за 9%, предупредуваат некои истражувања. Иако индексот на телесна маса (BMI) ни кажува колку вишок килограми имаме, воопшто не ни дава приказ каде тие се распоредени.

Истражувањата покажуваат дека обемот на половината поголем од 88 cm кај жените и 102 cm кај мажите може да ги зголеми шансите за развој на хронични болести како што се дијабетесот и срцевите заболувања.

Нормалниот обем на половината кај жените треба да биде до 80 сантиметри, додека кај мажите до 93.

3-brojki-otkrivaat-dali-vaseto-telo-e-zdravo-2.jpg

3. Ниво на холестерол

Холестеролот е присутен во сите живи клетки. Постојат два вида холестерол: добар и лош. Лошиот холестерол се поврзува со болести на срцето и крвните садови, срцев удар и мозочен удар.

Вредностите на холестеролот не зависат само од храната која се внесува. Се верува дека околу 20% од вкупниот холестерол во телото е резултат на храната која ја внесуваме, а околу 80% се синтетизира во црниот дроб. Според истражувањата до пред неколку години се сметаше дека здравата вредност на холестерол изнесува до 7 mmol/l, додека денес таа граница е пониска и изнесува до 5 mmol/l.

Повишениот лош холестерол предизвикува постепено таложење на масти во внатрешноста на крвните садови, како резултат на што се јавува атеросклероза, но и срцев и мозочен удар. Според препораките на лекарите оптималните граници се движат од 3 mmol/l до 5 mmol/l.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg