4 навики кои се подеднакво штетни како и пушењето
Долготрајна штета може да ни направат токму оние навики за кои не сме ни свесни дека се опасни.
Бидејќи во животот не е убаво да се претерува со ништо, така е и со убавите работи.
Па, ако сте „ноќна птица“ или обожавате месо, само продолжете да читате.
Ова се 4-те навики кои се подеднакво штетни како и пушењето:
1. Претерувате со месо и млечни производи
Протеините во животинското месо често се полни со хормон IGF-1, кој може да го поттикне развојот на канцерогени клетки. Откриено е дека луѓето кои почесто протеините ги добиваат од месо, имаат зголемен ризик од прерана смрт, за разлика од оние кои се на ниско-протеинска диета.
2. Недостаток на сон
Ако спиете малку или патите од чести несоници, последиците може да бидат висок крвен притисок, мозочен или срцев удар. Едно истражување докажало дека спиењето помалку од 6 часа е еднаква причина на смрт како и пушењето.
3. Готвите со погрешно масло
Билните масла се покажале како најштетни за готвење и пржење, заради тоа што испуштаат канцерогени супстанци. Односно, испуштаат полициклични ароматични јаглеводороди, кои ги има и во чадот од цигарите.
4. Целодневно седење
Неактивноста е поврзана со 160.000 случаи на рак на дојка, дебелото црево, простатата и белите дробови секоја година, објавува една здравствена организација од Канада.
М. Д. | Црнобело