Продолжете си го животот
Овие 7 здрави навики доколку ги внесете редовно во вашиот живот, би можеле да ви го продолжат и за 11 години. Не е лесно, но сепак важи она дека...
...“Кога се сака, се може.“
На што треба да се навикнете?
1. Никогаш не го прескокнувајте појадокот. Оние кои појадуваат редовно имаат позитивен став кон работата и се поефикасни
2. Јадете доволно овошје и зеленчук. Антиоксидансите кои ги содржат го забавуваат стареењето и ќе ги внесете и потребните витамини.
3. Не прескокнувајте оброци. Јадете секој ден во исто време. Прескокнувањето оброци води до прејадување и губење контрола врз исхраната.
4. Престанете да пушите. За штетното влијание сигурно сте веќе запознаени.
5. Вежбајте секојдневно. Потврдено е огромното позитивно влијание кое го има вежбањето врз вашето тело.
6. Наспијте се. Кога спиете вашето тело добива шанса да се обнови, освежи и да се подготви за соочување со новиот ден.
7. Секој ден одвојте време за себе. Опуштете се со купка, медитација, лежење, музика..било што, што може да ви го врати оптимизмот.