Рецептот за енергија како Џенифер Лопез
Славната пејачка Џенифер Лопез е позната по своите неуморни настапи и брзото темпо на живот.
Нејзината тајна за да го издржи тоа се крие во посебен шејк, благодарение на кој за кратко време успева да ја врати изгубената енергија.
Главните состојки на овој енергетски шејк се банана, млеко, спанаќ, ориз, путер, протеин во прав и путер од сончоглед.
„Со текот на времето сфатив дека тоа што го јадам не ми дава доволно сила. А, истата храна им ја давав и на децата. Во еден момент се замислив дали таа храна е добра за нив? Бев подготвена да пробам нешто ново и поинакво. Овој шејк има освежувачки вкус и му помага на телото да функционира многу подобро“ – објаснува таа.
Овој шејк, исто така може да се користи и како замена за оброк, бидејќи содржи влакна, омега-3 масни киселини и протеини.
М. С. | Црнобело