Намирници кои го одржуваат балансот на хормоните
Речиси сите подеднакво уживаме во јадењето пица и чоколадо, особено, доцна навечер.
Сепак задоволството ретко кога ни трае долго, бидејќи веќе следниот ден на лицето ни излегуваат мозолчиња и се каеме за вчерашната постапка.
Сево ова е резултат на нарушувањето на хормоналниот баланс, кој нашето тело постојано настојува да го одржи.
За да му помогнете во тоа, ова се намирниците кои треба да ги вклучите во секојдневната исхрана:
1. Сладок компир
Слаткиот компир, оризот и киноата го стабилизираат шеќерот во крвта и спречуваат нагло зголемување на инсулинот, создавајќи здрава средина за правилно функционирање на јајниците.
2. Зеленчук од видот зелки
Кељ, карфиол, брокула - овој зеленчук му помага на црниот дроб во метаболизирањето на естрогенот, главниот женски хормон, кој го контролира менструалниот циклус и го задржува балансот на хормоните.
3. Лосос
Лососот е идеална храна за одржување на хормоналниот баланс поради тоа што е богат со омега-3 масни киселини кои го намалуваат крвниот притисок и нивото на триглицеридите. Хранливи материи кои ги содржи лососот имаат анти-инфламаторен ефект што помага за почиста кожа, посилни коски и здрави заби.
4. Авокадо
Авокадото е, исто така, богато со омега-3 масни киселини и витамини Ц, Е и К, кои најдобро го балансираат нивото на естроген.
5. Бадеми
Бадемите се богати со здрави масти, протеини, влакна и витамини. Исто така, помагаат во контролата на шеќерот во крвта, намалувајќи го крвниот притисок и нивото на холестерол. Познати се и како одлична храна за намалување на гладот поради зголемувањето на нивото на холецистокинин, кој дава чувство на ситост.
6. Маслиново масло
Маслиновото масло е богато со омега-9 масни киселини, како и голема доза на витамини и антиоксиданси. Тоа е корисно за контрола на шеќерот во крвта, го намалува крвниот притисок, ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.
7. Јогурт
Пробиотиците, кои се содржани во јогуртот, влијаат на подобрувањето на цревната флора преку стабилизирање на нивото на естроген, тироксин и фитоестроген, кои се особено важни за жените кои се во фаза на менопауза или ПМС.
М. С. | Црнобело