Златна паста - Моќен лек против грип, настинки и воспаленија
Гриповите и настинките и понатаму владеат, а доколку се борите со нив и имате опаднат имунитет, оваа златна паста е одличен додаток во исхраната и лек.
Главната состојка е златната куркума - суперзачин полн со антиоксиданси и има противвоспалително дејство.
Потребни ви се следниве состојки:
- 125mg куркума во прав
- 250ml вода
- 1 ½ лажица мелен црн бибер
- 70ml ладно цедено масло или кокосово масло
Постапка:
Водата додајте ја во куркумата и ставете на тивок оган. Мешајте додека не добиете густа паста. Потребно е да варите околу 6 до 10 минути.
Ако ви се чини дека пастата е ретка, не се плашете да ставите уште малку куркума. Мора да внимавате само да не зоврие.
На крајот додадете го маслото и биберот. Продолжете да мешате додека не се соединат.
Готовата паста чувајте ја во стаклена тегла. Така може да издржи до 2 недели.
Како може да ја користите?
Додадете ја во храната како зачин.
Растопете 1 лажичка во чај, млеко или топла вода. Засладете по желба.
Одличен додаток е во сосовите за паста и месо.
Може да ставите лажичка-две и во крем супа.
Исто така е вкусна и ако ја додадете во варен ориз.
М. Д. | Црнобело