5 работи кои ви се случуваат заради тоа што ретко го менувате бричот
Како да знаете кога е време да го замените бричот? После едно, две или десет бричења?
Правилото вели дека ако бричот не се „лизга“ по кожата, дефинитивно е време да го фрлите.
5 грозни причини зошто треба да го менувате бричот почесто:
1. Бричот е покриен со секакви нечистотии
Колку подолго го чувате и користите, толку повеќе бактерии, мртви клетки и остатоци од крема за бричење ќе има на него. А, тоа е прилично грозно ако отстои неколку дена.
2. Никогаш нема да имате совршено мазна кожа
Ако секое следно бричење ви одзема повеќе време за да постигнете мазна кожа, тоа е знак дека бричот не е доволно остар и добар за употреба. Не смее да поминувате едно исто место повеќепати.
3. Често се сечете
Колку и да звучи контрадикторно, тапите сечила полесно може да ви ја иритираат кожата, па дури и да ви ја исечат.
4. Ризикот за појавување на мозолчиња после бричење е зголемен ако бричот е стар
Тапото сечило го иритира местото околу фоликулите од влакната и тоа доведува до акни, мозолчиња и поткожни влакна.
5. Шансите за инфекции се поголеми
Стариот брич и иритираната кожа се опасна комбинација.
М. Д. | Црнобело