5 пијалаци кои го прочистуваат црниот дроб

Црниот дроб е меѓу најважните органи во нашето тело, бидејќи извршува голем број на витални функции.

Pet-pijalaci-koi-sovrseno-go-rocistuvaat-crniot-drob-01_copy.jpg

Листата на негови задачи вклучува: детоксикација, регулирање на метаболизмот, прочистување на крвта, синтетизирање на плазма протеини, апсорбирање и акумулирање витамини итн.

 Лошите навики, пред сè во исхраната, може значително да го отежнат неговото работење, но и да предизвикаат негово оштетување.

Дополнително е тоа што оштетувањето на црниот дроб може да доведе до оштетување и на други органи, па затоа треба многу да се внимава.

Следните пијалаци се одличен начин да го одржите здрав црниот дроб и да помогнете тој правилно да функционира:

Зелен чај

Зелениот чај е познат низ целиот свет по своите извонредни лековити својства и придобивките кои ги носи за нашето здравје. Овој чај содржи антиоксиданси, кои според различни истражувања, го елиминираат таложењето на масти во црниот дроб и го стимулираат неговото оптимално функционирање.

Сок од грејпфрут

Сокот од грејпфрут врши одлична детоксикација на црниот дроб, но и на целото тело, истовремено зајакнувајќи го лимфниот систем. Овој пијалак не води до појава на несакани ефекти, што значи дека можеме безбедно да го пиеме секој ден.

Сок од јаболко

Јаболката содржат јаболкова киселина - состојка која стимулира омекнување на камчиња во жолчката. Сокот од јаболка е одличен начин за прочистување на црниот дроб по природен пат. Редовното консумирање на овој сок може да нè заштити од било какви инфекции.

Сок од моркови

Морковите изобилуваат со витамини и минерали, меѓу кои витамин А, Б, Ц, калциум, фосфор и калиум. Тие се моќно природно средство за чистење на црниот дроб. Покрај тоа, овие витамини и минерали го штитат црниот дроб од инфекции, бидејќи вршат негова детоксикација и ги елиминираат сите штетни супстанции кои не му се потребни.

Сок од брусница

Брусницата исто така е одлична за прочистување и детоксикација на црниот дроб. Нејзиниот сок го стимулира правилното работење на црниот дроб, бидејќи содржи голем број на витамини, минерали и есенцијални антиоксиданси.

Сите овие својства придонесуваат брусницата да биде моќен сојузник во одржувањето на доброто здравје и заштитата на организмот од различни болести.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg