2 нуспојави од водата со лимон и како да се заштитите
Водата со лимон е еден од најпопуларниот начин за започнување на денот, бидејќи многумина тврдат дека е здраво и помага во слабеењето.
Ако и вие веќе го практикувате овој ритуал или планирате да почнете, треба да обрнете внимание на 2 работни, односно нуспојави:
1. Киселини
Лимонот може да ви го раздразни желудникот и да ви создаде киселини, па ако имате чувствителен желудник најдобро е да го замените овој еликсир со мешавина на вода и мед. Исто така и тој е одличен асистент во слабеењето и подобрување на здравјето.
2. Оштетување на забната глеѓ
Киселините во лимонот може да ги оштетат забите, што подоцна носи болки, чувствителност па дури и кариес. Ако имате проблем со заби кои лесно се расипуваат, никако не пијте вода со лимон често и во текот на целиот ден. Испијте само една чаша наеднаш и после исплакнете ја устата со обична вода.
М. Д. | Црнобело