Дознајте која болест на очите се лекува со методата Крос линкинг

Иако живееме брзо и динамично, грижата за здравјето на очите не треба да ја занемаруваме. Колку повеќе сме поинформирани за очните болести, толку побрзо ќе реагираме за да го спречиме нивниот развој.

doznajte-koja-bolest-na-ocite-se-lekuva-so-metodata-kros-linking-1.jpg

Сè позастапена е болеста на очите наречена кератоконус која се манифестира со промена на обликот на рожницата, односно таа значително се истенчува, се надувува како балон, а таквата состојба доведува до слаб вид. Нема конкретна причина за појавата на кератоконусот. Може да биде генетски наследен, но во денешно време е толку многу застапен што сите случаи не може да се врзат исклучиво за наследни. Болеста најчесто се појавува кај помладата популација. Има случаи каде кератоконус е дијагностициран кај деца на возраст од 6-7 години, но најчесто на возраст од 15-20 години. Колку е пациентот помлад, напредувањето на болеста е побрзо, а прогресија е можна до четириесеттата година кога возраста е природна бариера во напредувањето на болеста. 

За среќа, во Систина Офталмологија, на Одделот за рефрактивна хирургија, специјалистите офталмолози имаат решение и за оваа, но и за сите други ваши очни дилеми. Доколку нешто во окото ве пече, чувствувате болка, очите ви се црвени, не одложувајте и закажете преглед кај офталмолог за да може со квалитетен третман да ја лекува секоја ваша состојба на очите.

doznajte-koja-bolest-na-ocite-se-lekuva-so-metodata-kros-linking-3.jpg

Во оваа очна клиника, се применува методата крос линкинг со која се зајакнува ослабената колагенска врска меѓу рожницата и на тој начин се забавува или сопира понатамошното напредување на болеста кератоконус.

Се изведува околу два часа, во локална анестезија со капки, така што зафатот е целосно безболен. Вистинските резултати по крос линкинг се проценуваат по 6 до 12 месеци по зафатот кај возрасни пациенти, а кај деца потребни се и до 24 месеци.

„Со новите усвоени протоколи на последниот стручен собир „CXL experts meetinig”, одржан на 2 и 3ти декември во Цирих, ќе се зголеми ефикасноста во третирањето на оваа болест”, вели специјалистот офталмолог Др. Фанка Гилевска од Систина Офталмологија која присуствуваше на овој меѓународен стручен состанок на тема „Крос линкинг и третман на кератоконус” и додава:

“На семинарот, на кој беа присутни офталмолози од цел свет, преку низа предавања, разменивме искуства и идеи за примената на крос линкингот како третман со кој се лекуваат инфекциите на рожницата на окото и се приклучивме на акцијата „Light for Sight” за рана детекција на кератоконус кај деца и млади во светот”.

doznajte-koja-bolest-na-ocite-se-lekuva-so-metodata-kros-linking-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg