За што сè можете да ја употребувате коњската маст?
Кога ќе настинете или кога ве боли грбот, голема е веројатноста дека посегнувате по коњската маста направена во главно од ментол, еукалиптус и камфор.
Оваа крема уште е позната и под името Викс.
Покрај тоа што можете да ја користите за загревање, оваа крема има уште многу други различни примени:
1. Можете да ја користите за бркање на непосакуваните инсекти во домот
2. Можете да ја користите за да се ослободите од главоболките
Ментолот го намалува крвниот притисок, а со тоа ја намалува главоболката.
3. Можете да ја користите за вашите стапала
Пред да легнете да спиете, нанесете малку коњска маст на петите и сувите делови - наредниот дел нозете воопшто нема да ви мирисаат, а и ќе ви бидат помеки.
4. Можете да ја користите за да го намалите салото на стомакот
Камфорот од маста во комбинација со алкохол и сода бикарбона го забрзува трошењето на вишокот масти посебно додека вежбате. Сè што треба да направите е да ги искомбинирате овие состојки - кремата, со еднаква количина алкохол и сода бикарбона. Мешајте додека не добиете хомогена смеса која ќе ја мачкате додека вежбате.
5. Можете да ја користите за да го научите миленикот каде да не уринира
Онаму каде повеќе се случува овој непријатен инцидент, треба да нанесете од оваа крема и миленикот ќе се научи каде да го прави тоа.
6. Можете да ја користите за да ја научите мачката да не го оштетува мебелот
Треба само да намачкате малку од маста на оној дел од мебелот кој мачката најмногу го гребе.
7. Можете да ја користите за намалување на стриите со мачкање онаму каде ги имате
8. Исто така, и за чистење на габичните инфекции на нозете и прстите на нозете
Н. Г. | Црнобело